1. Општи информации за проектот

Проектот Младински активизам за позелени општини (во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.

Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели: (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво; (2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и (3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.

Заради остварување на предвидените цели проектот вклучува спроведување на повеќе активности групирани во три компоненти. Првата компонента ќе опфаќа развивање на дигитална алатка за спроведување на обуки и курсеви за младински активисти на теми поврзани со заштита на животната средина, климатските промени  и еко-активизам. Дополнително, ќе биде спроведена програма за обуки на млади правници за заштита на животната средина. Во рамки на втората компонента Проектот ќе развие прирачници и упатства за воспоставување процедури за вклучување на младите во процеси поврзани со животната средина, како и ќе се поддржат конкретни општини со изработка на акти и документи поврзани со оваа тема. Третата компонента ќе вклучува финансиска и менторска поддршка на младински организации и активисти за спроведување на конкретни иницијативи во локалната заедница. 

  1. Oпис на активноста

Ангажманот кој е предмет на овој јавен повик вклучува дизајн и развој (кодирање) на дигитална алатка, односно едукативна платформа за спроведување на обуки и курсеви за младински активисти на теми поврзани со заштита на животната средина, климатските промени  и еко-активизам.

Паралелно, се изготвуваат едукативни содржини кои потоа треба да се дигитализираат и постават на едукативната платформа.

Целиот процес ќе биде во константна комуникација и координација со Гоу Грин.

  1. Работни задачи  и очекувани продукти (Deliverables)  
  2. Интерактивна двојазична едукативна платформа
    1. Open Source CMS – едукативна веб платформа со можност за индивидиуално следење на видео курсеви и одговарање на тестови за самите курсеви
    1. Можност за креирање на личен профил и надградување на знаењето
    1. Оптимизиран за пребарувачи
    1. Можност за дополнување на редовни информативни содржини (и блог)
  3. Прилагодување на едукативната текстуална содржина за 10 теми и поставување на платформата
  4. Комплетен визуелен (графички) дизајн на веб платформата
  5. Обучување на ГоуГрин за работа на платформата
  1. Временска рамка
Објавување на повикот07.04.2022 (четврток)
Поставување прашања14.04.2022 (четврток)
Затворање на повикот21.04.2022 (четврток)
Склучување договор28.04.2022 (четврток)
Испорака на сработеното15.07.2022
  1. Понуда и евалуација

Секој заинтересиран (правно или физичко лице), потребно е да достави:

За правни лица:

  • Портфолио (досегашно искуство, слични или исти проекти за секоја од ставките)
  • Тековна состојба
  • Финансиска понуда

Физички лица:

  • Портфолио (досегашно искуство, слични или исти проекти за секоја од ставките)
    • Минимум 3 писма со препорака
    • Финансиска понуда

Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда во согласност со погоре изнесени потреби. Проектот е ослободен од  ДДВ, па затоа и понудата треба да биде без ДДВ.

Вработени во јавна администрација, како и вработени 100% на ЕУ проект не се подобни да аплицираат на овој повик.

  1. Начин и постапка за пријавување

Комплетната документација опишана во точка 5 се испраќа во .pdf формат на мејлот info@bidizelen.org , со назнака Понуда за изработка на едукативна платформа, најдоцна до 21.04.2022 (четврток) до 16ч.

  1. Избор и склучување договор

Пристигнатите понуди ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија, и изборот ќе се одвива според:

  • Техничка исправност 20%
  • Искуство 40%
  • Финансиска понуда 40%

По изборот, избраниот кандидат ќе биде контактиран со цел да се склучи договор.

Вашите прашања може да ги поставите до 14.04.2022 на мејлот info@bidizelen.org.