
За да изградиме одржлив, безбеден и климатски отпорен систем на мобилност, потребни се јасни политики и стандарди кои ќе овозможат чист, достапен и интегриран транспорт.
Европскиот атлас на мобилноста покажува дека транспортниот сектор е голем извор на емисии, но и поле со огромен потенцијал за промени – преку развој на железницата, зголемување на користењето велосипед и јавен превоз, и дигитализирани, поврзани транспортни услуги.
Кај нас, регулативите сè уште не ги следат целосно европските стандарди и не обезбедуваат доволно насоки за развој на современа, зелена мобилност. Атласот дава конкретни примери и препораки што можат да ни помогнат да ги подобриме политиките и инфраструктурата, и да создадеме поквалитетни, здрави и поврзани заедници.
Линк за Европскиот Атлас на Мобилноста.
Атласот е изработен во рамки на проектот „Green Governance in Action: Establishing the National Ecological Council for Policy Innovation and Public Engagement“, кој го реализираме со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел – Канцеларија Сараево.
