Опис на работни задачи за експерт за организациски развој     

Контекст 

Green Spirit Prespa​ е проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН Скопје (носител на проектот) во партнерство со здруженијата Духот на Преспа, Рурални жени од Преспа и Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија. Проектот се спроведува во периодот од 1 јуни 2024 до 30 ноември 2026 година на територијата на Преспа, РС Македонија. ​ 

​​Општа цел на проектот ​Green Spirit Prespa​ е подобрен социо-економски развој заснован на одржлив еколошки туризам во регионот на Преспа кој генерира можности за зелени работни места за младите и жените. Проектот има три специфични цели: да се диверзифицира понудата за одржлив еко-туризам и со тоа да се генерираат зелени работни места; да се ​​промовира Преспа како четирисезонско туристичко место и да се зголеми интересот за дојдовен туризам во регионот; да го зајакне здружението Рурални жени од Преспа и да ги подобри капацитетите на здружението Духот на Преспа, а со тоа и да ги подобри иницијативите предводени од жените за културно и еколошки зачувување на Преспа.​ 

​​Спроведувањето на проектот и проектните активности, вклучувајќи ги и процедурите за набавки во рамки на овој проект, мора да бидат во согласност со одредбите и правилата пропишани во потпишаниот договор за грант, правилата и процедурите на донаторот – Европската Унија, правилата и процедурите на носителот на проектот, како и националното законодавство во земјата во која се спроведува проектот. ​ 

Една од специфичните цели на проектот е зајакнување на организациските капацитети на здружението „Рурални жени од Преспа“, со цел обезбедување на одржливост, подобро управување и зголемена финансиска автономија на организацијата. За таа цел носителот на проектот објавува отворен повик за избор на експерт за организациски развој на здружението „Рурални жени од Преспа“. Експертот ќе биде координиран и надгледуван од проектниот менаџер. 

​​Цел на работната задача​ 

Целта на оваа работна задача е ангажирање на експерт за организациски развој кој ќе спроведе структуриран процес на јакнење на капацитетите на здружението „Рурални жени од Преспа“ преку сет на работилници, менторска поддршка и тридневен тим-билдинг настан. Во рамки на проектот не е дефиниран конкретен број работни денови. Експертот/експертката е задолжен/а да процени и предложи потребниот број денови за спроведување на задачите. 

Процесот треба да резултира со јасно дефинирана организациска структура, интерни правила и процедури, членство и механизми за финансиска одржливост. 

Експертот/експертката ќе биде координиран/а и надгледуван/а од проектниот менаџер.

 ​​Опис на работните задачи​ 

​​Експертот ќе ги има следните задачи и одговорности: ​ 

  • Да спроведе иницијална анализа на организациските капацитети на здружението „Рурални жени од Преспа“ преку состаноци, интервјуа и преглед на постојна документација; 
  • Да подготви методологија и материјали за сет на работилници за организациски развој; 
  • Да спроведе сет на работилници за: 
  • Дефинирање на организациска структура (вклучувајќи  и органограм) ; 
  • Изработка или ревизија на Правилник за работа; 
  • Дефинирање на процедури за членство; 
  • Развој на ценовник на услуги; 
  • Развој на стратегија за продажба и прибирање средства (Sales/Fundraising Strategy); 
  • Да фасилитира тридневен тим-билдинг настан насочен кон организациско зајакнување, стратешко планирање и подобрување на интерната комуникација; 
  • Да обезбеди менторска поддршка во финализирање на документите изработени во рамки на процесот; 
  • Да изработи финален извештај за спроведениот процес со препораки за понатамошен организациски развој. 

Очекувани резултати / Продукти 

Од ангажманот се очекуваат следните конкретни продукти: 

  • Документ со организациска структура (вклучувајќи и organogram) 
  • Усвоен Правилник за работа 
  • Дефинирани процедури за членство 
  • Развиен ценовник на услуги 
  • Развиена стратегија за продажба и прибирање средства 
  • Спроведен тридневен тим-билдинг настан (заедно со негово организирање) 
  • Финален извештај со препораки 

​​Времетраење на работниот ангажман ​ 

​​Планирано е работниот ангажман да започне во март 2026 и да трае најдоцна до 31 октомври 2026. ​ 

​​Потребни квалификации и искуство на кандидатите ​ 

​​Правниот експерт треба да ги исполнува следниве услови: ​ 

  • Образование во областа на организациски развој, менаџмент, економија, социјални науки или сродна област ќе се смета за предност; 
  • Најмалку 7 години релевантно искуство во организациски развој на граѓански организации; 
  • Докажано искуство во спроведување на организациски анализи и изработка на интерни политики и процедури; 
  • Искуство во развој на стратегии за финансиска одржливост и прибирање средства; 
  • Докажано искуство во фасилитирање работилници и тим-билдинг процеси; 
  • Одлични комуникациски и фасилитаторски вештини; 
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност; 
  • Искуство со организации предводени од жени ќе се смета за предност. 

​​Апликантите мора да бидат независни и без било каков конфликт на интереси. Имајте предвид дека државните службеници и другиот персонал на јавната администрација не смеат да бидат ангажирани ако претходно не е добиено писмено одобрение од Договорниот орган. ​ 

​​Постапка за аплицирање ​ 

​​Апликацијата треба да содржи: ​ 

  • ​​Писмо за изразување интерес и достапност 
  • ​Финансиска понуда. Финансиската понуда треба да се однесува исклучиво на исполнување на работните задачи. Средствата предвидени за тим билдинг активности не се опфатени во оваа рамка..​ 
  • ​​Биографија (CV) во ЕУ формат. ​ 

​​Краен рок за аплицирање е 03 март 2026 година. Апликациите треба да се достават на ​greenspiritprespa@gmail.com.

​​Изборот на експерти ќе се врши врз основа на дефинираните критериуми. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг во процесот на селекција може да бидат интервјуирани. Само успешните апликанти ќе бидат контактирани и известени.  ​  

Напомена: Работните обврски може да ги изврши еден експерт/ка или тим на експерти. Во случај на аплицирање на тим на експерти потребно е да се пратат посебни апликации за секој член на тимот и документ во кој е јасно назначено кој член ќе биде одговорен за која обврска.

Дополнителни податоци за Рурални жени: Здружението брои 30 членки, жени од преспанскиот регион