1. Општи информации за проектот

Проектот Младински активизам за позелени општини (во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.

Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели: (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво; (2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и (3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.

Заради остварување на предвидените цели проектот вклучува спроведување на повеќе активности групирани во три компоненти. Првата компонента ќе опфаќа развивање на дигитална алатка за спроведување на обуки и курсеви за младински активисти на теми поврзани со заштита на животната средина, климатските промени  и еко-активизам. Дополнително, ќе биде спроведена програма за обуки на млади правници за заштита на животната средина. Во рамки на втората компонента Проектот ќе развие прирачници и упатства за воспоставување процедури за вклучување на младите во процеси поврзани со животната средина, како и ќе се поддржат конкретни општини со изработка на акти и документи поврзани со оваа тема. Третата компонента ќе вклучува финансиска и менторска поддршка на младински организации и активисти за спроведување на конкретни иницијативи во локалната заедница. 

  1. Oпис на активноста

Ангажманот кој е предмет на овој повик вклучува развој на едукативна содржина и материјали за креирање онлајн интерактивни курсеви за младински активисти за еколошки теми опфатени во два модули:

Модул 1: Животна средина и климатски промени (5 теми)

  • Тема 1: Климатски промени
  • Тема 2: Квалитет на воздух (аерозагадување)
  • Тема 3: Отпад
  • Тема 4: Енергија
  • Тема 5: Зелени општини и придобивки

Модул 2: Еко-активизам (5 теми)

  • Тема 1: Донесување одлуки на локално ниво
  • Тема 2: Младинско учество
  • Тема 3: Активизмот како контролен механизам
  • Тема 4: Еколошка демократија
  • Тема 5: Комуникации и кампањи

Целиот процес ќе биде во константна комуникација и координација со Гоу Грин.

  1. Работни задачи  и очекувани продукти (Deliverables)  

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  • Изработка на методологија за едукативна содржина за секоја тема одделно;
  • Анализа на документи (desk review) кои се однесуваат на конкретната тема;
  • Доставување на пропратни материјали за конкретната тема, кои ќе бидат прикачени на едукативната платформа;
  • Финална едукативна содржина (текст) за секоја тема одделно која треба да опфати 10 страни, Times New Roman, text size 12, line spacing (проред) 1.5.

Целна група се млади луѓе кои се воведуваат во темите, па затоа и јазикот и нивото треба да биде разбирлив и едноставен, но сепак текстот да биде аргументиран со факти и информации по можност од нашата земја.

  1. Временска рамка
Објавување на повикот07.04.2022 (четврток)
Поставување прашања14.04.2022 (четврток)
Затворање на повикот21.04.2022 (четврток)
Склучување договор28.04.2022 (четврток)
Испорака на сработеното16.05.2022 (понеделник)
  1. Понуда и евалуација

Секој заинтересиран може да се пријави според искуството за минимум една тема. Нема ограничувања за пријавување за цел модул, или теми само од еден модул.

Секој заинтересиран (правно или физичко лице), потребно е да достави:

За правни лица:

  • Портфолио (досегашно искуство, слични или исти проекти за секоја од ставките)
  • Тековна состојба
  • Главни поттеми (содржина)

Физички лица може да се пријават индивидуално или во група со:

  • Кратка биографија
  • Портфолио (досегашно искуство, слични или исти проекти за секоја од ставките)
  • Главни поттеми (содржина) по тема

Работниот ангажман ќе биде спроведен во 2 работни дена за секоја тема одделно, во периодот од 21 април 2022 до 1 август 2022. За секој работен ден предвиден е надоместок во висина од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противвредност, според курсот на Проектот. Исплатата ќе се врши еднократно по исполнување на ангажманот предмет на овој јавен повик.

Вработени во јавна администрација, како и вработени 100% на ЕУ проект не се подобни да аплицираат на овој повик.

Проектот е ослободен од ДДВ.

  1. Начин и постапка за пријавување

Комплетната документација опишана во точка 5 се испраќа во .pdf формат на мејлот info@bidizelen.org , со назнака Понуда за едукативна содржина, најдоцна до 21.04.2022 (четврток) до 16ч.

  1. Избор и склучување договор

Пристигнатите понуди ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија, и изборот ќе се одвива според:

  • Техничка исправност 40%
  • Искуство 60%

По изборот, избраниот кандидат ќе биде контактиран со цел да се склучи договор.

Вапите прашања може да ги поставите до 14.04.2022 на мејлот info@bidizelen.org.