
Април – Октомври 2022
Младите во општеството, а особено во општината се најголемиот фактор за промени во целата општина. Активизмот и учеството во општествените активности се моќни форми на граѓански ангажман. Најголемите промени ги поттикнуваат и водат младите. Младинскиот активизам има огромен потенцијал да ги трансформира локалните заедници, особено ако е поддржан од локалните и централните власти.
Проектот ќе го поддржи процесот на застапување за ветувањата да се спроведат и да станат дел од буџетот на општината. Процесот ќе вклучува градење на капацитетите на локалните младински граѓански организации за застапување за имплементација на ветувањата, активности за медиумска кампања, средби со градоначалници, младински службеници, претставници на советите и младински активисти.
Специфични цели на проектот се:
– спроведување на барањата на младите за зелени општини
-зајакнување на капацитетите на младинскиот сектор за застапување за зелени иницијативи во нивните општини
-поддршка на имплементацијата на Законот за млади преку зајакнување на застапувањето за животната средина од страна на младите
-зголемување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки за животната средина на локално ниво
Овој проект е финансиран од фондацијата Хајнрик Бол во Босна и Херцеговина.