
Ко-авторот на публикацијата кој ќе го опфати делот за младите во РМ и треба да има искуство во младинскиот сектор во Македонија, да има познавање за младинската работа и младинската невработеност, да е запознаен со „младинска гаранција“ и да ги разбира механизмите на пазарот на трудот и процесите на обука и вработување.
Публикацијата е наменета за млади луѓе на возраст од 16 до 22 години и истата ќе биде промовирана на јавен настан на кој ќе присуствуваат сите релевантни чинители.
Теми што ќе се опфатат со публикацијата:
- Климатски промени, правична транзиција, зелени работни места, пристојни работни места, младинска невработеност, младинска работа, младинска гаранција, практична работа (пракса) и вештини.
Публикацијата ќе се изработи во 200 примероци на македонски јазик, 100 на албански и 100 на англиски јазик, и ќе биде достапна он-лајн верзија за слободно преземање од веб страната на Гоу Грин.
Хонорарот за ко-авторот на публикацијата изнесува 11,000 денари (нето).
Публикацијата треба да биде изготвена најдоцна до 1 јуни 2018.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на info@bidizelen.org најдоцна до 22.04.2018.
Публикацијата е дел од проектот „Младите за одржлив развој“, спроведуван од здружението Гоу Грин, финансиски поддржан од Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) во Македонија, заедно со Австриската агенција за развој (АДА).
Слика на: Bryan Derballa, преземена од https://www.wired.com/2015/11/climate-change-in-india/