
COP24 (Conference of the parties), односно конференциите на Обединетите Нации за климатски промени се годишни конференции кои се одржуваат на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC). Тие служат како официјален состанок на членките на UNFCCC, со цел да се процени напредокот во справувањето со климатските промени, а воедно и да се дискутира Кјото протоколот од аспект за воспоставување законски обврски во развиените земји кои треба да ги намалат нивните емисии на стакленички гасови.
Марија Кекеновска, член на извршната канцеларија на Гоу Грин, беше дел од овогодинешниот COP24 (Conference of the parties) кој се одржа во Катовице, Полска, како дел од делегацијата на CANGO (China Association for NGO). На 05.12.2018 како дел од настанот “Global Climate Governance and NGO’s Contribution” кој се одржа во кинескиот павиљон, Кекеновска одржа говор во кој ги сподели најдобрите практики за застапување на полиси на НВО (невладини организации) во Македонија и ги промовираше програмите на Гоу Грин пред присутните.
Со претставување на трите главни стратешки области: младински – еко активизам, еколошко образование и зелени работини места во својот говор, Марија ги презентирање практичните примери на Гоу Грин.
„Младите луѓе мора да бидат вклучени во процесот на донесување одлуки со тоа што одлуките за иднината најмногу ги засегаат нив. Ние веруваме дека со еколошко образование, младинската вклученост во процесот на донесување одлуки, мобилизација и градење на мрежи и партнерства, ќе се создаде потебниот притисок врз донесувачите на одлуки и тие потоа ќе донесат храбри одлуки и ќе остварат амбициозни цели. Сите треба да бидеме свесни дека доколку не превземеме ништо сега, ќе треба да се справиме со последиците подоцна. А последиците од климатските промени можат да бидат брутални. Како што Махатма Ганди еднаш кажал – „Ние мора да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот“, ние мора да го пронајдеме нашиот пат и да направиме позитивна промена, а не да ја набљудуваме бруталната промена на климатските промени.“ – го заврши говорот Кекеновска.
Презентацијата на Марија која ја користеше за време на својот говор, можете да ја погледнете на слениот линк и да дознаете нешто повеќе за истиот.
Ова е втора година од своето постоење здружението да е дел од Самитот за климатски промени на Обединетите Нации за климатски промени. Во 2015 година Гоу Грин беше дел од COP21 кој се одржа во Париз, Франција каде што ги промовираше барањата од граѓанскиот сектор. Барањата за кои Гоу Грин се залагаше на конференцијата, денеска претставуваат основа за полисите и практиките на здружението и сеуште се залага за истите.
Барање бр. 1: Законски обврзувачки договор за 100% обновлив енергетски систем.
Барање бр. 2: Заштеда на природните ресурси и енергетската ефикасност како клучни фактори за трансформацијата.
Барање бр. 3: Вклучување на младите и прилагодување на образовниот систем.
Барање бр. 4: Енергија на народот, од народот за народот.
Барање бр. 5: Намалување на стакленички гасови од транспортниот сектор.
Барање бр. 6: Човечки права и солидарност за зацврстување на меѓународната соработка.