Младите од четири средни училишта на територија на Град Скопје ја одбележаа Европската недела за помалку отпад со неколку активности. Средношколците преку овие активности го адресираат проблемот на премногу отпад од облека кој се создава во средношколските години и начините како таа облека да се пренамени или реупотреби.

Првата активност беше донација на облека во училиштата. Преку донацијата младите препорачаа дека има други начини како би можела облеката која што веќе не се носи да се подари на некој кому му е попотребна. Донацијата се одржа во соработка со НВО Љубезност, кои ќе ја подарат на социјално загрозени семејства.

По донацијата, се одржа работилница “Донирај и креирај” на која вкупно шест тима од 4 средни училишта подготвија креации од различен отпад. Отпадот вклучуваше и некои ткаенини од донацијата кои не можеа да се донираат. Истовремено, младите кои не креираа нова облека, соодветно ја селектираа донираната облека.

Третата активност вклучи ревија на изработените креации и музички настан каде младите ги претставија своите креации. Со оваа ревија младите ги поттикнаа на хуманост и животен стил со помалку отпад нивните соученици . Ревијата се одржа во холот на средното училиште Јосип Броз Тито.

На активностите се приклучија ученици од СГГУ “Здравко Цветковски”, СУГС “Орце Николов”, СЕПУГС “Васил Антевски Дрен” и СУГС “Јосип Броз Тито” и СМУГС “Панче Караѓозов.”

Европската недела за помалку отпад се одржува секоја година во ноември. Ја одбележуваат голем број на земји во светот и претставува иницијатива која има за цел да промовира настани и активности кои поттикнуваат одржлив начин на управување со отпад.