Гоу Грин – Биди Зелен, АИЕСЕК Македонија и Сојуз на извидници на РМ организираа проект кој имаше за цел да ја покрене свеста кај младите и да ги едуцира на тема одржлив развој и заштита на животната средина.

Краток опис
Проектот се состоеше од два главни настани (семинар и марш против загадување).

  • Семинарот се одржа на 4ти Декември на Економскиот факултет во Скопје на кој присуствуваа 100 учесници, членови на трите организации, на возраст од 14 до 22 години. Целта на семинарот беше да се подигне свеста, да се поврзат и мотивираат младите за да преземат активна улога за создавање на одржливо општество. Отворањето на семинарот имаше форма на панел дискусија на тема: “Улогата на младите во создавање на одржливо општество”. ЕУ Амбасадорот, Г-динот Ерван Фуере, покрај поздравниот говор, беше и панелист, заедно со Г-ѓа Љиљана Поповска (пратеник во Собранието на РМ), Г-дин Методија Саздов (Претседател на Мак Зелен Центар) и Г-дин Петар Лазаров (Претприемач и ко-основач на Македонија Експорт).
  • Вториот настан беше симболично дефиле, односно “Марш против загадување” кој се реализира на 18ти Декември. Целта на маршот беше да се зголеми свесноста кај општата популација за штетноста од ЦО2 емисиите и придонесот кон глобалното затоплување и климатските промени.

Проектот беше поддржан од Норвешката Амбасада во Р. Македонија.