Работната група ја одржа својата трета средба во просториите на Стопанска Комора на РМ
на 16ти февруари.

Теми на дискусија на оваа средба беа:

  • Оперативниот план 2018 за активни мерки за вработување, кој се чека да биде усвоен од Владата на РМ -со осврт од  претставникот на Министерство за труд и социјална политика – Младен Фрчковски, Мерката што работната група ја предложи за “гипсер-монтер” и “фасадер” се наоѓа во точка “3.3 Обуки за побарувани занимања и занаети„ како занимање под квалификации што водат до „зелени работни места“. Овие квалификации за “Зелени работни места” ги содржат сите занимања поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, зачувување на животната средина и управување со отпад. Мерката е програмирана за 400 невработени лица, на кои сертификатот за завршување на обуката им се признава како скратено образование.
  • “Собирач и постапувач со отпад” е занимање кое не постои во „националната квалификација на занимања“. Работната група заклучи дека е потенцијалот н а вработувања во секторот отпад е голем, особено со неформалните собирачи на отпад, и ова занимање е важно да се покрене.
  • Иницијативата на Здружението “Гоу Грин” и “Меѓународната организација на трудот на Обединетите Нации” (ИЛО) за регионален проект за унапредување на системот за е-отпад и подобрено регионална соработка, како и вклучување на неформалните собирачи се целите на оваа иницијатива
  • Новиот стандард за занимање “Техничар за животна средина” на кој работи “Центарот за стручно образование и обука” и кој ќе стане дел од средното хемиско училиште. Се работи на квалитетен наставен план кој ќе ги содржи сите актуелни теми поврзани со климатски промени, одржлив развој и управување со отпад.
  • Во тек е имплементацијата на “Гаранцијата за млади” во која и Гоу Грин има свои 4-ца членови одговорни за општините Чаир и Ѓорче Петров. Целта на „младинската гаранција“ е да ги мапира невработените млади и да ги активира, односно да им обезбеди понуда за вработување, практиканство или нивно враќање во образовниот процес.

Следниве организации, институции и комори имаа свои претставници во работната група:
– Центар за образование на возрасни,
– Министерство за образование и наука,
– Центар за стручно образование и обука,
– Организација на работодавачи,
– Сојуз на синдикати на Македонија,
– Стопанска комора на Македонија,
– Министерство за труд и социјална политика,
– Бизнис конфедерација на Македонија,
– ИМЕ Програма (Свис контакт),
– СГГУ ГС „Здравко Цветковски“,
– Тренинг центар „Крафт Мастер“ и
– Здружение Гоу Грин.