
Сите млади од 15 до 29 години кои сакаат да научат повеќе и да придонесат за помалку отпад, намалено аерозагадување, ублажување на климатските промени и заштита на животната средина можат да станат членови на младинската еколошка организација „Гоу Грин – Биди Зелен“
Кои сме ние?
Гоу Грин е еколошка младинска организација која активно работи во полето на младински активизам, еколошко образование и зелена економија.
Која е нашата мисија?
Развиваме и промовираме вредности и принципи за одржлив развој и овозможуваме образование и практични решенија за заштита на животната средина.
Што прават членовите во Гоу Грин – Биди Зелен?
- Развиваме и поттикнуваме одговорност и свест за себе и околината;
- Активно учиме и придонесуваме за еколошките проблеми со кои се соочуваме;
- Се вклучуваме во креирање на младински и еколошки политики;
- Поттикнуваме тимска работа и лидерство;
- Развиваме практични зелени вештини за заштита на животната средина;
Акциите и иницијативите на „Гоу Грин – Биди Зелен“ може да ги прегледате на Фејсбук и ЈуТуб каналот.
Како можеш да се приклучиш?
Ако сето ова ти делува интересно и сакаш да се приклучиш на нашата организација, пополни ја апликацијата на овој линк и дојди на информативниот состанок.
Крајниот рок за пополнување на апликацијата е 21.03.2018 (среда) до 12 часот, а информативниот состанок ќе се одржи на 31.03.2018 (сабота), со почеток во 12,00 часот, во канцеларијата на „Гоу Грин – Биди Зелен“, која се наоѓа на ул. Кукушка 4а, 1000 Скопје (во непосредна близина на Градски парк).
За дополнителни информаци, слободно пишете ни на info@bidizelen.mk или на Фејсбук страната.
Daz Flow – Приклучи се во Гоу Грин: