Во рамки на проектот “Направи сам”, Гоу Грин започна со спроведување на истоимената програма во три основни училишта. Програмата ќе биде директно имплементирана од страна на волонтери на возраст од 16-20 години. За таа цел, волонтерите беа присутни на дводневна обука која се одржа на 30-31ви јануари во Граѓански Ресурсен Центар.

Целта на обуката беше да ги припреми волонтери за реализирање на програмата во основните училишта. Програмата е целосно инспирирана од причините за загадување и главната идеја е да создаде модел на населба во која што не постои аерозагадување.

Во текот на двата дена, младите учеа за еколошките области застапени со програмата: аерозагадување, енергетска ефикасност, отпад, транспорт, извори на енергија и важноста на зелените површини.

Организацијата покани и ученици од основното училиште ОУ “Невена Георгиева Дуња”, со кои волонтери ги изработија макетите и дискутираа за нивно подобрување.

Бидејќи станува збор за директно обучување на ученици од основно училиште, цел на обуката беше и да ги подобри презентациските вештини на волонтерите.

Што претставува програмата “Направи Сам”?

Програмата “Направи Сам” се состои од три месечна програма (февруари-април) и претставува курс за макети поврзани со енергетска ефикасност, климатски промени, одржлив развој. Идејата зад програмата е да ги инспирира младите основци за мануелните вештини и стручните занаети кои се полека во изумирање, но притоа да ги едуцира за можноста за постоење на една одржлива населба во која што не постои аерозагадување.

Програмата ќе се спроведува во ОУ “Мирче Ацев”, ОУ “Живко Брајковски” и ОУ “Невена Георгиева Дуња”.

Овој проект е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од ЕУ, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика.

This slideshow requires JavaScript.

Овој проект е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од ЕУ, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика.