Програмата “Направи Сам” започна да се реализира во ОУ “Мирче Ацев” и ОУ “Невена Георгиева Дуња”

Во рамки на проектот “Направи Сам” започна да се одржува курс за изработка на макета од зелена населба со чист воздух. Идејата зад програмата е да ги инспирира младите ученици да преземат акција и да научат повеќе за аеозагадување и мерките кои се потребни за да имаме чист воздух.

Одржана обука во рамки на програмата “Направи Сам”

Во рамки на проектот “Направи сам”, Гоу Грин започна со спроведување на истоимената програма во три основни училишта. Програмата ќе биде директно имплементирана од страна на волонтери на возраст од 16-20 години. За таа цел, волонтерите беа присутни на дводневна обука која се одржа на 30-31ви јануари во Граѓански Ресурсен Центар.

Зошто програмата “Направи Сам”?

Климатските промени и загадувањето на воздухот претставуваат едни од најакутелните предизвици за сите граѓани. Особено загадувањето на воздухот во Скопје,Тетово, Велес, Прилеп, Битола и други градови низ државата претставува сериозна закана за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Скопје неретко е најзагаден град во светот.