Во рамки на проектот Youth Voice for Environmental Change in High School, , Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин отвора повик за ментор на средношколци за пишување на младински позиции.
Целта на проектот е да создаде механизам преку кој средношколците ќе можат да вежбаат демократија, да иницираат и прават промени во средните училишта училишта.
Младинските позиции се дел од активностите во рамки на проектот и тие треба да бидат базирани врз основа на резултати од истражување за потребите на младите во средните училишта. Истражувањето веќе се спроведе во четири средни училишта: СУГС “Раде Јовчевски Корчагин”, СУГС “Орце Николов”, СГГУ “Здравко Цветковски” и СЕПУГС “Васил Антевски Дрен”.
Задачата на менторот е заедно со назначените средношколци од секое училиште да ги креира младинските позиции или ставот на средношколците за нивните потреби и проблеми во училиштата. Младинските позиции треба да бидат напишани во форма на документ кој подоцна ќе биде презентиран пред надлежните институции и носители на одлуки. (директори на средните училишта, претставници од сектор образование и Град Скопје)
Одговорности на менторот:
- Минимум 4 средби со средношколците во период од 10 – 25ти октомври
- Давање насоки за пристапот и начинот на пишување на документот на средношколците
- Препораки и коментари на драфт верзиите од средношколците за пишувањето на младинските позиции
- Финализирање на документите за претставување пред претставниците на релеватните институци
Критериумите за сите заинтересирани се:
- Искуство во пишување на политички документ
- Познавање на младински и образовни политики во РМ
- Релеватно познавање на важни документи кои ги засегаат младите
- Искуство во работење и насочување на млади
За менторот има соодветен финансиски надомест.
Сите заинтересирани треба да испратат своjа кратка биографија (CV) и мотивациско писмо најдоцна до 01.10.2018 на info@bidizelen.org.