1.Вовед

Здружението за оджлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје објавува повик за прибирање понуди за консулатнт/ка за развивање Стратешки план на Здружението за 2024-2026

Ангажманот е во за една од главните активности на институционалниот проект “Младите за климатска акција и одржлив транспорт” во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, МЗМП и CVNP поддржан од Владата на Шведска.

Во овој документ се наведени Условите и описот на работни задачи (ToRs) за потребната техничка поддршка за развивање на новиот Стратешки план 2024-2026.

2.Историја

Go Green е здружение за одржлив развој и заштита на животната средина основано на 01.02.2010 година во Град Скопје, во Република Северна Македонија.

Стратешки план 2017-2019 година

Целокупната работа на Go Green низ годините се водени од неговиот стратешки план, од кој последниот истече во 2019 година, а интегралниот текст можете да го преземете од следниот линк.

3. Цел на ангажманот

Општата цел за ова краткорочно ангажирање на експерт/ка за да го креира и фасилитира процесот до развој на Нацрт-стратешки план за периодот 2024-2026 година, и да се осигури дека Go Green ефикасно ги исполнува своите мандатни цели утврдени во неговиот Статут и други организациски акти, со фокус на сеопфатно интегрирање на членовите на својата мрежа, за да работат кон истите долгорочни цели на организацијата.

Новиот Стратешки план ќе обезбеди стратешка насока за идните интервенции на Go Green во текот на следните 3 години, и тоа со стратешки увид за период 2024-2026 година, а за пофокусирано постигнување на целите на Go Green во однос на визијата, мисијата и стратешките приоритети. Дополнително на ова, стратешкиот план за период 2024-2026 година ќе послужи како алатка за мобилизација на ресурси од различни извори и развивање на соработката со институциите. Овој документ ги обезбедува сите потребни информации за ангажманот на консултантот, очекуваните резултати и потребните квалификации и искуства како би се олеснил процесот на ревидирање на стариот план и развивање ма следниот три годишем стратешки план за Go Green.

4.Услови и опис на работни задачи

Обемот на работа на фасилитаторот ќе вклучува неколку основни задолженија, кои ќе бидат целосно дефинирани во координација со претставниците на Go Green, a фокусирани на:

  • Надворешна анализа на ситуацијата и мапирање на засегнатите страни на Go Green, вклучувајќи: нејзините силни страни, слабости, можности и закани (SWOT);
  • Внатрешна анализа на организацијата, анализа на институционалниот капацитет, организациската поставеност, финансиските и административните системи, статутот и препораки за потребни подобрувања, доколку произлезат од процесот на развивање на стратегијата;
  • Потврдување или ревидирање на визијата и мисијата;
  • Развивање на клучни области на делување на Go Green (стратешки приоритети), дефинирање на области за развој; стратешки интервенции;
  • Дефинирање долгорочни и краткорочни приоритети;
  • Развивање на едногодишен акциски план (во рамки на стратегијата 2024 – 2026);
  • Финализирање на Стратешкиот план и доставување на конечната верзија на Стратешкиот план до Собранието на Go Green во декември 2023;
  • Предлог стратегии и механизми за следење и известување (мониторинг и евалуација) за да се обезбеди ефективно спроведување на Стратешкиот план;

5.Временска рамка за консултантски услуги

Времетраењето на ангажманот за оваа работна задача на консултантот/ката се очекува да биде краткотрајно во период од 4 месеци, и тоа од септември до декември 2023 година. За сите детали и потребни работни денови ќе треба да се договорат двете страни, според предлог методологијата од страна на избраниот консултант

6.Известување

Консултантот/ката ќе поднесе наративен извештај до претседателката на Go Green. Исто така, се очекува дека консултантот/ката ќе соработува тесно со извршната канцеларија и управниот одбор на Go Green, како би имале подобра координација и извршување на активностите во овој период.

7.Плаќање

На консултантот/ката ќе му/и биде исплатен надоместок како компензација за неговата/нејзината техничка/професионална експертиза и по испораката на очекуваните резултати. Ова ќе се дискутира и ќе се договори спогодбено со консултантот и според регулативите на Go Green.

8.Квалификација

Консултантот/ката треба да има:

  1. професионално искуство, во организациска, проектна или која било друга менаџерска улога која бара формулирање и имплементација на стратегија;
  2. добро разбирање и познавање на стратешко планирање, стандардните алатки и техники за управување со група, планирање и мерење на спроведените активности; и
  3. одлични истражувачки и аналитички вештини, вклучувајќи анализи на документи, вештини за интервјуирање и методологии за олеснување на процесот кога има засегнати страни.

9. Пријавување

Заинтересираните кандидати треба да ја достават својата апликација, преку е-пошта на info@bidizelen.org до 24 август 2023 година до 23:59ч, со назнака (email subject) Понуда за стратешко планирање.

Апликацјата треба да содржи:

– своја кратка биографија каде уредно се гледа искуството во стратешки планирања на кандидатот/ката (CV)

– предлог методологијата на работа

– бруто износ за надомест на ангажманот.

Go Green ви се заблагодарува за Вашиот интерес, но ве информираме дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани.