Живееме во ера на климатска криза каде е потребна итна акција и соработка со сите чинители во едно општество. Тргнувајќи од тоа дека младите се иднината, односно дека тоа што го вложуваме во нив денес ќе се одрази во блиска иднина, клучно е нивното учество во креирање и спроведување на зелени политики на локално ниво, или политики за климатските промени и унапредување на животната средина.

При недостиг на податоци за младинското учество во зелени политики на локално ниво го спроведовме ова истражување кое има за цел да ја разоткрие оваа сложена динамика, барајќи да ги разбере мотивациите, бариерите и можностите кои го обликуваат учеството на младите во зелените политики на локално ниво во Северна Македонија. Притоа, се стреми да придонесе за посеопфатно разбирање на пречките и потенцијалите за искористување на страста и енергијата на младите за подобрување на политиките односно мерките поврзани со адаптација и митигација на климатските промени, заштитата и унапредувањето на животната средина.

Линк до истражувањето.

Ова истражување е подготвено со финансиска поддршка од Фондацијата Хајнрик Боел со канцеларија во Сараево, во рамки на проектот „Младински активизам за зелени општини вол.3“.