Од јануари 2018 досега се мапирани 73 точки со отпад во 10 општини. Акцијата за мапирање трае до 20 август, по што би следел процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика.

 

Во пресрет на Светскиот ден на чистење кој ќе се одржи на 15 септември 2018 година, инициран од Let’s Do It! World движењето ја градиме Светската платформа за отпад, која ги комбинира податоците од различни апликации за мапирање на отпадоци. Оваа платформа е отворен извор на податоци кој им овозможува на секој поединец, општина, институција или компанија лесно да пристапат до глобалните податоци за отпадот и да ги користат за развивање на нови иновативни начини за одржливо планирање. Податоците собрани за време на процесот на мапирање се многу важни за планирање на ресурсите за Светскиот ден на чистење, 15 септември.

 

Споделете ја оваа информација и активно вклучете се во глобалната акција за мапирање на диви депонии, користејќи ја едноставната апликација за мапирање World Cleanup. На следниот линк може да се погледне упатство за користење на апликацијата.

 

Лице за контакт:

Кирил Шентевски,

Координатор за мапирање

Здружение Гоу Грин

kiril@bidizelen.org

тел: 075587490