Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Млади амбасадори за климатски промени“ поддржан од Британската Амбасада во Скопје, објавува повик за ангажирање на двајца фасилитатори на симулација на конференција за климатски промени на ООН (COP26)

Опис и обем на работните задачи на фасилитаторот: 

  1. Фасилитатор на онлајн симулација на конференција за климатски промени на ООН (COP26)

Симулацијата ќе биде одржана на 20ти февруари 2021, онлајн. На неа ќе присуствуваат 20 млади амбасадори за климатски промени кои беа дел од курсот за климатска дипломатија. 

  1. Подготoвка за симулацијата 

Фасилитаторите треба да бидат дел од подготвителен состанок за симулацијата со проектниот тим. 

  1. Да изготват извештај за сработеното на англиски јазик. 

Временска рамка и финансиски надомест: 

Фасилитаторите кои ќе бидат избрани по пријавување на овој повик, ќе бидат ангажирани во времетраеење од 1 месец. Финансискиот надомест ќе биде 10648.02 мкд, бруто. 

Потребни квалификации 

Kандидатот треба да ги исполнува следните услови:

-да има завршено високо образование;

-искуство во работа и следење на политики за климатски промени на домашно и меѓународно ниво  

-искуство и работа со млади и неформално образование

-искуство со симулации (ќе се смета за предност) 

Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

  1. Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 
  2. Предложена цена за ангажманот 10 бодови (пониските износи добиваат повисок број на бодови).

Потребна документација 

Понудата треба да го содржи следново:

  • Кратка биографија (CV)
  • Кратко мотивационо писмо

Рок за пријавување 

Рокот за пријавување е најдоцна до 11ти јануари 2021 до 16 часот на следната емаил адреса: vafire@bidizelen.org, на истата може да поставите и дополнителни прашања со назнака Апликација за фасилитатор. 

Проектот е финансиран од Британска Амбасада во Скопје.