Пет лица успешно ја завршија тримесечната обука според верификуваната програма за „Собирач на секундарни суровини“ со поддршка од Агенција за вработување како дел од мерката за побарувани занимања. Образовната програма „Собирачи на секундарни суровини“ е поврзана со занимањето „Собирач и постапувач на отпад“.


Во текот на тримесечната обука кандидатите учеа и успешно ги поминаа трите модули и тоа

1. Управување со отпад,
2. Личен развој и социо-економска интеграција,
3. Социјално претприемништво.

Третиот месец учесниците изработеа практична настава во фирмата
која поседува дозвола за собирање, транспорт, складирање и третман на неопасен отпад „Гринтех МК“ и го научија подлабокот процесот на селектирање и балирање на пластиката.


Учесниците кои се стекнаа со државно признати сертификати сега имаат можност да се вработат во секторот за управување со отпад. Здружението „Гоу Грин“ ја пилотираше програмата #селектирам со која се воспостави услуга за примарна селекција на пластика и
хартија во 50 згради во Град Скопје. #селектирам продолжува со социјалното претпријатие „РЕДИ Рециклажа“ кој е потенцијален кандидат за вработување на успешно завршените собирачи на секундарни суровини.


Други потенцијални работодавци на собирачите на секундарни суровини се фирми кои поседуваат дозвола за собирање и транспорт на неопасен отпад, фирми кои поседуваат дозвола за складирање и третман, колективни постапувачи, општини и јавни комунални
претпријатија, и/или социјални претпријатија кои работат на воспоставување на систем за примарна селекција, реупотреба и рециклирање на суровини.

Напишете коментар