
Гоу Грин го шири тимот во Извршната канцеларија и објавува повик за младински координатор.
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Објавување на повикот | 13.03.2023 |
Затворање на повикот | 26.03.2023 (недела) до 23:59 |
Разговор (interview) | 28.03-30.03.2023 |
Известување за резултати | 31.03.2023 |
Пожелен почеток со работа | 03.04.2023 |
УСЛОВИ ЗА РАБОТА
- Ангажирање на договор на дело со времетраење од 7 месеци
- Работа од канцеларија (ул. Кукушка 4а)
- Финансискиот надомест и работните часови ќе се договорат во зависност од искуството на кадидатот/ката
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Учество и придонес во неделни состаноци за планирање
Работниот тим за млади во Гоу Грин состанува секој понеделник каде се разговараат тековните активности и се делегираат одговорности. Младинскиот координатор учествува во активностите поврзани со младите.
- Комуникација со засегнати страни (училишта, општини, организации и сл.)
За спроведување на нашите активности, во секојдневен контакт сме со нашите членови и соработници. Работиме и на нови синергии (соработки) за за зголемување на нашето влијание. Координаторот ќе има задача да ја шири мрежата на членови и соработници.
- Мобилизација, координација и организирање локални активности на иницијатива на младите
Нашата девиза е дека ние сме тука за да пружиме знаење и можности, но акциите и иницијативите треба да произлезат од младите. Координаторот треба да ги мобилизира и едуцира за еколошки теми и активистички пристап (преку работилници или едукативната платформа), а потоа со нашето искуство да им помогнеме екоакциите на младите да бидат поефективни, видливи и успешни.
- Соработка со тимот
Во мал тим исклучително важна е соработката и комуникацијата, со цел да ги надградиме нашите активности и успеси. Од координаторот ќе се очекува навремена, професионална и искрена комуникација.
- Поддршка во пишување нови проекти
Како одговорен за работата со млади, координаторот ќе има придонес во креирање активности и проектни апликации за младите.
- Изготвување месечен извештај
Според деловникот за работа, секој кој е ангажиран во организацијата доставува месечен извештај во наш образец.
КВАЛИФИКАЦИЈА
- Предност се дава на млади кандидати (15-29)
- Познавање на демократски алатки, процеси и младински активизам
- Искуство во младински сектор
- Искуство со работа на проекти и донатори
- Познавање на еколошки теми е предност
- Познавање на на македонски и англиски е задолжително
- Познавање на албански е предност
ЗА АПЛИКАЦИЈА:
Испратете ни ја комплетната апликација на info@bidizelen.org до недела 26.03 до 23:59ч. За дополнителни прашања контактирајте не исто на info@bidizelen.org
- Лична биографија
- Контакт телефон и мејл од 3 лица за препорака
- Одговор на трите прашања во еден ворд документ
[едукација] Ангела, 17 години од Прилеп сака да се зголеми младинското учество во нејзината општина но нема никакво предзнаење за работа со општината. Како ќе и помогнеш користејќи ги ресурсите на Гоу Грин? (максимум 200 збора)
[активизам] Градоначалникот од општина ХХ не одговара на еко-барањата од младите до неговата општина поднесени во 2022 година. Што би презел/а? (максимум 200 збора)
[мобилизација] Во месец мај по повод ЕУ деновите, организираме кино-проекција во Синеплекс за 300 млади проследено со дискусија. Предложи 3 говорници и како ќе се осигураат 300 млади учесници? (максимум 200 збора)
1 thought on “Повик за младински координатор во Go Green”
Comments are closed.