
Гоу Грин отвара повик за нови еко-активисти кои сакаат да учат, да се надградуваат и да направат позитивна промена во околината каде живеат.
Кој? Секој на возраст од 15-29 години може да биде дел од Гоу Грин.
Како? Лесно. Само пополни ја оваа пристапница (формулар) со твои податоци за да може да те контактираме.
Што потоа? Откако ќе станеш дел од Гоу Грин, ќе добиваш известувања за локални акции каде може да учествуваш, поддршка во организирање иницијативи, учество во национални и меѓународни обуки, тренинзи, младински размени и како и многу други можности.
Ова е одлична можност да бидеш дел од Гоу Грин, да се едуцираш за климатските промени и екоактивизам, да се ангажираш и волонтираш на локални акции, да стекнеш локални, национални и меѓународни искуства во различни активности со цел на крај да бидеш млад екоактивист – лидер за една поздрава и позелена околина.
Доколку имате дополнителни прашања контактирајте не на info@bidizelen.org
*Процесот е поддржан и е во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“, спроведуван од страна на Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници – МЗПМ и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија. Изразените ставови и мислења се на авторот/ите и грантистот и на никој начин не ги одразуваат позициите и ставовите на Еко-свест и на донаторот – Владата на Шведска.