Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот Млади амбасадори за климатски промени“ објавува повик за ангажирање на тренер кој ќе одржи обука за климатска дипломатија во времетраење од 3 дена.

Краток опис на проектот: 

Проектот има за цел да ги едуцира младите за климатска дипломатија, да креираат младински барања за климатски промени и да ја развие свеста во земјата за важноста од амбициозни цели за 26-тата конференција за климатски промени на ООН (COP26). Преку обуката за климатска дипломатија, кампањата за климатските промени, како и симулацијата на Конференцијата, младите луѓе како и пошироката јавност ќе се запознаат со преговарачките процеси за климатски промени, начинот на доставување младински барања, важноста од националните придонеси и Конференцијата за климатски промени на ООН што ќе се одржи во ноември 2021 во Глазгов, Шкотска.

Опис и обем на работните задачи на експертот: 

 

  • Обучувач на онлајн обуката за Климатска дипломатија (1 ипол ден во втора половина на ноември). 

 

Курсот е наменет за 20 млади од државата, кои подоцна ќе бидат дел од Симулацијата на Конференцијата на ООН за климатски промени (COP26). Курсот ќе биде во времетраење од 3 дена во текот на декември 2020, истиот ќе биде одржан од страна на 2 обучувачи. 

 

  • Подготoвка на материјали за обуката 

 

Да изготви подготвителни материјали за обуката во тесна соработка со проектниот тим.

 

  • Да изготви извештај за сработеното на англиски јазик. 

 

 

Временска рамка и финансиски надомест: 

Обучувачот кој ќе биде избран по пријавување на овој повик, ќе биде ангажиран во времетраеење од 1 месец. Финансискиот бруто надомест ќе биде 28 485 мкд, .

 

Потребни квалификации 

Kандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • да има завршено високо образование;
  • искуство во работа и следење на политики за климатски промени на домашно и меѓународно ниво;  
  • искуство и работа со млади и неформално образование, обучувач и тренер.
  • искуство во пишување трудови од областа на климатските промени, одржлив развој и  Конференцијата на ООН за климатски промени (COP); (ќе се смета за предност) 

 

Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

  • претходно искуство во спроведувањето на слични активности 
  • предложена цена за ангажманот 10 бодови (пониските износи добиваат повисок број на бодови).

 

Потребна документација 

Понудата треба да го содржи следново:

  • кратка биографија (CV)
  • финансиска понуда

 

Рок за пријавување 

Рокот за пријавување е најдоцна до 25ти ноември 2020 до 16 часот на следната емаил адреса: vafire@bidizelen.org,на истата може да поставите и дополнителни прашања со назнака Апликација за обучувач. 

Проектот е финансиран од Британска Амбасада во Скопје.