“Донирај или реупотреби ја старата облека” – Младите ја одбележаа Европската недела за помалку отпад

Младите од четири средни училишта на територија на Град Скопје ја одбележаа Европската недела за помалку отпад со неколку активности. Средношколците преку овие активности го адресираат проблемот на премногу отпад од облека кој се создава во средношколските години и начините како таа облека да се пренамени или реупотреби.