Повик за експерт кој ќе направи модел за пресметка на јаглероден учинок по училиште

Во рамки на проектот „Училишта на сончева енергија“ се отвара повик за експерт кој ќе направи модел за пресметка на јаглероден учинок по училиште. Општа цел на проектот е да создаде мрежа на средношколци кои активно учат и вршат јавен притисок врз надлежните институции за поголема застапенoст на сончевата енергија и образованието за климатските промени. […]

“Донирај или реупотреби ја старата облека” – Младите ја одбележаа Европската недела за помалку отпад

Младите од четири средни училишта на територија на Град Скопје ја одбележаа Европската недела за помалку отпад со неколку активности. Средношколците преку овие активности го адресираат проблемот на премногу отпад од облека кој се создава во средношколските години и начините како таа облека да се пренамени или реупотреби.