Повик за експерт кој ќе направи модел за пресметка на јаглероден учинок по училиште

Во рамки на проектот „Училишта на сончева енергија“ се отвара повик за експерт кој ќе направи модел за пресметка на јаглероден учинок по училиште. Општа цел на проектот е да создаде мрежа на средношколци кои активно учат и вршат јавен притисок врз надлежните институции за поголема застапенoст на сончевата енергија и образованието за климатските промени. […]

Инфо состаноци со ученици од средните училишта

Минатата недела се одржаа инфо-состаноци со ученици од средни училишта во Скопје, Прилеп и Гостивар. При посетата, претставници од Гоу Грин и волонтери на организацијата извршија презентација во училиштата за да ги информираат и заинтересираат учениците да се приклучат на мрежата и да формираат Биди-Зелен-Клубови (БЗК) во нивните училишта. БЗК претставува неформално здружување на ученици […]

Јавен оглас за фацилитатори кои ќе дејствуваат во населба Лисиче, општина Аеродром.

Како дел од проектот „Ја собираме пластиката од дома“, поддржан од Град Скопје, имаме потреба за ангажирање на двајца фацилитатори кои стапат во контакт со 400 домаќинства од населба Лисиче, општина Аеродром. Фацилитаторите ја имаат улогата на претставување и запознавање на „домаќините“ со собирачите на отпад кои ќе бидат задолжени за собирањето на отпадот од […]