Еколошките организации Гоу Грин од Македонија и Green Circle од Унгарија започнаа да развиваат партнерство за време на ЕU – China NGO twinning програмата во 2018 година преку нивните претставници Марија Кекеновска, Ласло Киш и Антал Молнар. По програмата, двете организации останаа во контакт гледајќи ја можноста да работат заедно на активности и проекти во иднина. Така Марија Кекеновска стана учесник во вториот меѓународен камп за волонтерска заштита на природата кој што се одржуваше од 25-ти до 31-ви јули во унгарскиот национален парк – Хортобаг.

Базирајќи го кампот пред болницата за птици „Madárkórház“, 25те учесници од 6 различни земји поминаа една недела волонтирајќи во болницата со птици, помагајќи при нејзината реконструкција. Создадоа дрвена патека на брегот на реката и спроведоа акција за чистење на истата од отпад пловејќи со чамци. Волонтерите спроведоа и активности околу езерата за рибарење, а потоа ги набљудуваа птиците околу езерата.

This slideshow requires JavaScript.

Покрај тоа, Марија имаше можност да ја посети канцеларијата на Green Circle во Хајдибаримјени и да дознае повеќе за тековните и идните проекти на еколошката организација. Двете организации планираат да останат во контакт и се надеваат на повторна соработка во блиска иднина.

Дознајте нешто повеќе за Green Circle на нивната веб страна.