SGF Eco - system restoration

Организацијата во која што волонтирам во Кина, Sichuan Green Foundation или накратко, SGF претставува добротворна еколошка организација која е регистрирана во март 2017та година под закрила на одделот за шумарство на областа Сечуан. Обединувајќи ресурси, нејзина главна цел е да созададе одржливо општество и еколошка животна средина.  Се фокусира наозеленување на што е можно поголема површина а со тоа и на подобрување на квалитетот на шумите во борбата со климатските промени. Покрај тоа, работи на подобрување на еко – системот со научно испланирани програми и иновативен механизам.

Визијата на SGF има четири главни точки: мисли на природата, заштити ја природата, зеленило за сите и еко – стил на живот. Додека пак нивната мисијата гласи: „Да усвојуваме транспарентен и иновативен механизам преку спороведување на проекти за озеленување со научен пристап со цел будење на еколошката свест.

Четирите главни полиња на интерест на SGF се:

  • Менаџмент за научно управување со шумите
  • Реставрација на еко – системот
  • Зелена инфраструктура
  • Еколошко образование за сите граѓани

Нивните тековни проекти се:

  • Проект за управување со шумит, Јинјианг национална шума, Ијибин, Сечуан
  • Проект за еколошка едукација, Шашидуо, Хеишуи, Сечуан
  • Проектот за реставрација и еколошка едукација на еко – системите на животната средина на Големата Панда, Лонкси-Хонгкоу, Дуџијангјан, Сечуан
  • Кревање свест: Акција за засадување на дрва, Лонгкуаншан – урбана шума, парк, Ченгду

This slideshow requires JavaScript.

Еден од нивните тековни проекти е проектот за еколошка едукација во Шашидуи, Хеишуи, Сечуан. Хеишуи е познат по својата богата култура, традиционална храна и огромниот диверзитет на растенија и животни, но сепак неговото сиромашно селото Шашидуи претставува само една точка за пауза на патниците, а не нивна туристичка дестинација. Жителите не заработуваат доволно, па тука настапува SGF со цел да им помогне да ја истражат својата околина и да ги едуцира како можат да ги искористат своите природни ресурси без притоа да и наштетат на природата, туку напротив, да и помогнат. Тимот на SGF работи напорно на овој проект уште од минатиот октомври кога за прв пат го посетиле селото. Првата посета била со цел да се постави основа на проектот и да се зацртаат крајните цели. Подоцна, во јануари тимот останал една недела каде што заедно со локалните партнери одржале неколку работилници и состаноци со граѓаните кои постепено почнале да се вклучуваат во проектот. Нивната последна посета на Шашидуи беше пред две недели и во нејзиниот тек се случи научно истражување на местото од страна на експерти и се одлучија следните чекори на проектот кој полека но сигурно го оживува селото да го истакне својот капацитет.