Во рамките на проектот Гоу Клин во месец Март оваа година се одржаа 4 семинари (Прилеп, Кичево, Штип и Скопје) за средношколци како дел од едукативната кампања на проектот Гоу Клин.
Информирање и вклучување на јавната администрација во проектот Гоу Клин
На 12, 14, 17 и 18 март тимот на Гоу Клин одржа состаноци во општините Ѓорче Петров, Кичево, Штип и Кисела Вода, со цел запознавање на јавната администрација со системот за управување со отпадни батерии и вклучување на училиштата во проектот Гоу Клин.
Проектот “Гоу Клин” за отпадни батерии продолжува
На 11ти февруари во ЕУ инфо центарот во Скопје се одржа промоцијата на проектот за отпадни батерии “Гоу Клин”. Батериите содржат токсични метали, како жива, никел, кадмиум, олово, литиум, кои се штетни по здравјето на човекот и не треба да се фрлаат заедно со комуналниот отпад.
Марш со гас маски
Гоу Грин повторно организираше марш со гас маски со цел намалување на загадувањето и пренесување на пораки до надлежните институции за преземање на конретни мерки. Барањата и ставот кон загадувањето го изразуваат ставот на здруженијата Гоу Грин, Еко свест, Фронт 21/42 и Реактор.
Каде да ги фрламе потрошените батерии?
Одржани состаноци за воспоставување систем за управување со отпадни батерии
На 05.11 и 15.11.2013 година, во Салата на Советот на Град Скопје и во салата за состаноци на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржаа информативно-едукативни состаноци во врска со воспоставувањето на систем за управување со отпадни батерии.
Младите да се насочат кон изучување на обновливите извори на енергија!
3 милиони работни места треба да се отворат во енергетскиот сектор на обновливи ресурси до 2020 година – пишува во документот од Европската комисија за зелена економија. Енергетската трансформација од фосилни кон обновливи извори на енергија создава потреба за нова генерација на едуцирани кадри и претставува одлична можност за нови бизниси отворање на работни места.
Обука за одржливост и вонредно собрание на НМСМ
Под покровителство и со поддршка на Европскиот младински форум од 25-28 октомври во Хотел Фени, Кавадарци се оддржа првата обука за одржливост за одредување на стратешките приоритети на Националниот младински совет на Македонија.
Основан Националниот младински совет на Македонија
Во периодот од 28 до 30 јуни во Хотел Бисер во Струга се одржа основачкото собрание при што се формираше Националниот младински совет.
Даз Флоу и Гоу Грин со нова песна
Дарко Иваноски ака Даз Флоу е млад хип-хоп артист од Скопје кој во моментов е актуелен со неговото најново видео за песната „Енергија“. Една од работите во кои тој е заљубен е природата. Како член на Гоу Грин, Даз ја изработи песната „Приклучи се“ која повикува на одговорно однесување кон животната средина.
