
На ден 27 јуни 2019, со почеток во 11ч се одржа петтиот од серијата „Отворени денови за иницијативи на граѓански организации“, кој се однесуваше на Младинските политики за 2019-та година. На седницата се разговараше за прогресот на иницијативите на младинските организации, кои беа претставени во документот нарчен „БРИФ“ (линк). Една од точките, со реден број шест (6) беше и точката за „Зелени работни места“.
Гоу Грин во 2018 година ја поднесе иницијативата за формирање на работната група за „Зелени работни места“ (линк) која беше водена од Министерството за животна средина и просторно планирање, а здружението имаше активно учество.
Во текот на изминатата година (2018г) и почетокот на оваа година, работната група, по предлог од Гоу Грин, ја прифати дефиницијата за зелени работни места (линк). Согласноста на работната група да ја вклучува и социјалната компонента на „пристојност“, освен еколошката, беше успех, бидејќи некои земји ја исклучуваат компнентата на „пристојност“ на работното место и со тоа се оневозможува квалитетот и атрактивноста на зелените работни места.
Работната група утврди дека дефиницијата за ЗРМ сама по себе не едоволно, и е неопходно да се изработат критериуми според кои поконкретно ќе се мерат ЗРМ, односно ќе се воспостават индикатори за нивна мерливост. Во таа насока и најголемиот успех на работната група беше „ЗРМ“ да влезат во „Националната рамка на квалификација“, која се однесува на квалификациите (занимањата) кои произлегуваат од стручното образование, при што Здружението препорача посебно да се стави акцент на квалификациите во секторот градежништво, енергетската ефикасност, земјоделство и управување со отпад. Исто така се предложи да се направи соработка со Државниот завод за статистика за да во нивниот систем се внесе опција „зелените работни места“ бидат посебно означени.
На „Отворените денови“ на Владата на РСМ, Гоу Грин беше претставувана од Анамарија Велиновска , која ја најави иницијативата на здружението за вклучување на претставници на граѓански организации во работата на „Националниот одбор за рамка на квалификација“, и да придонесат во изработката на индикаторите на мерливост.