Здружението „Гоу Грин“ претставувано од Антонио Јовановски учествува на конференцијата Youth@Work од 25 до 29 јуни во Истанбул, Турција. Јовановски, извршен директор на здружението, како дел од Pool of Trainers за Youth@Work Partnership, одржува работилница на 27 јуни на тема „Пласирање на младинската работа на картата“ со цел да се препознае важноста на младинската работа во образованието, вработувањето и претприемништвото.

„Важно е да се знае дека младинската работа не е само за да ги задоволи потребите на пазарот на трудот, бидејќи на тој начин само го поддржува неодржливиот систем со кој работиме. Од суштинско значење е да се осврнеме на улогата на младинската работа во промената на статусот кво и да овозможиме социјална иновација која ќе овозможи значајна промена и ќе го поддржи развојот на нискојаглеродно, инклузивно и одржливо општество“- вели Јовановски.

Фокусот на Гоу Грин е да го промовира социјалното (зелено) претприемништво и вработување и да води дијалог со младите, академците и политичарите за промените кои треба да се случат за подобро нискојаглеродно, инклузивно и одржливо општество.

Youth@Work конференцијата во Истанбул е крос-секторски настан кој ги адресира проблемите и можностите околу младинското вработување и претприемништво. Акцентот е на соработката помеѓу формалното и неформално образование, вработувањето, социјалниот и граѓанскиот сектор, (социјалните) претприемачи и други донесувачи на одлуки.

Youth@Work стратешкото партнерство за Младиско Вработливост и Претприемништво е соработка помеѓу Националните Агенции на Турција, Кипар, Франција, Италија, Шпанија, Обединетото Кралство, Унгарија, Грција, Малта, Полска и Северна Македонија.

Повеќе за настанот на следниот линк

ФБ страна на настанот.