
На 16ти септември 2017, „Гоу Грин“ започна улична герила/фото акција, која траеше низ целата Европска недела на мобилност.
Волонтерите на „Гоу Грин” фотографираа граѓани од Скопје кои патуваа со автобус или велосипед со две специјално изработени промотивни рамки и ги уотребуваат тие слики за промоција на активностите. Додека за граѓаните кои ги користеле своите автомобили, беа поставени три специјални натписи на најпрометните улици за да ги мотивираат граѓаните да ги напуштат своите автомобили во периодот на најгуст сообраќај во градот.
Како втора активност што ја спроведе „Гоу Грин“ за време на Европската неделата на мобилност беше организирањето на конференцијата “Bike & Learn” на 21 септември. 20 млади луѓе од Скопје беа избрани да учествуваат на оваа необична конференција каде што делегатите не седеа во конференциска сала туку наместо тоа, со нивните велосипеди активно се движеа до 4 инфо-точки во градот каде што беа гости на 4 говорници.
Учесниците се запознаа со проектот на Град Скопје – Social Car, во просториите на Гоу Грин дознаа повеќе за проектот „Велосипед за сите“, се запознаат и со проектите на „Еко Свест“ – City tree и Smart Ohrid, а во ЕУ инфо центар дебитираа како компаниите влијаат за одржлив транспорт.
Извештајот може да го прочитате тука.