Јануари 2022- Декември 2024

 Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели:

 (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво;

(2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и

(3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.

Заради остварување на предвидените цели проектот вклучува спроведување на повеќе активности групирани во три компоненти. Првата компонента ќе опфаќа развивање на дигитална алатка за спроведување на обуки и курсеви за младински активисти на теми поврзани со заштита на животната средина, климатските промени и еко-активизам.

Овој проект е ко-финансиран Европска Унија.