10.000 батерии се собраа на музичкиот настан организиран од Гоу Грин

На 24 Октомври во клубот Хавана, Гоу Грин организираше музичко-едукативен настан наречен ,,Празнење Батерии”. Настанот го посетија над 2.500 млади луѓе, а се собраа 8870 отпадни батерии, 208  мобилни телефони, 12 батерии од лаптоп, 4 батерии од фотоапарат и 30 мали акумулатори од алармни уреди.

Т-мобиле и Гоу Грин овозможуваат систем за управување со отпадни батерии за 350.000 граѓани

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија станаа партнери на проектот Гоу Клин кој вклучува 7 општини и 78 училишта и е во имплементација на младинската еколошка организација Гоу Грин.

Безбедноста, практичноста и растојанието до крајната дестинација се најважните фактори за младите да користат велосипед

Во период од 24 септември до 16 октомври се спроведе анкета за оцена на мислењето кај младите во врска со велосипедската култура и инфраструктура.

Прием на нови членови

Со почеток на новата учебна 2014/2015 година, Гоу Грин е во фаза на регрутација. Регрутацијата всушност е вклучување на нови членови во моментално активните  Биди Зелен клубови во средните училишта, како и формирање на иницијативни групи во нови училишта.

Енергетската транзиција има потреба од млади едуцирани кадри и интер-дисциплиниран пристап!

Од 23 јуни до 27 јуни се организираа стотици настани ширум Европа за одбележање на “ЕУ неделата на одржлива енергија” со која се промовираа обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Конференција за млади – Последици од климатските промени

По повод Светскиот ден за животна средина се одржa конференција за млади на која се презентираа климатските сценарија и последиците за Македонија, Франција и Германија.