Во рамките на проектот „Од Масло до Енергија“, на 23ти октомври се одржа обука за спроведување на теренско истражување на тема „Селектирање на отпад во домаќинства со фокус на отпадното масло за јадење“. На обуката присуствуваа 15 млади кои претходно го поминаа процесот на селекција за анкетари.
Новости
Повик за анкетари „Истражување за селектирање на отпад во домаќинствата, со фокус на отпадното масло за јадење“
Еколошката младинска организација Гоу Грин во рамките на проектот „Од Масло до Енергија“ има потреба од анкетари за спроведување на истражување на јавното мислење за селектирање на отпад во домаќинствата, со посебен фокус на отпадното масло за јадење.
Европска недела за намалување на отпад 20-26 ноември 2017
Еколошката младинска организација Гоу Грин заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, ја организира „Европската недела за намалување на отпад“ која се одвива од 20.11.2017 до 26.11.2017 година. Европската недела за намалување на отпад (EWWR) е иницијатива која има цел да промовира активности за подигање на свеста за одржливо управување со ресурси и […]
Младинска мобилна конференција „Bike & Learn”
Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу грин“и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ имаат чест да Ве поканат на младинската мобилна конференција „Bike & Learn”, настан кој е дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност.
Повик за учесници за младинска размена во Норвешка
Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ отвора повик за 7 учесници од Македонија за младинска размена “Let’s do it outside”. 10 дневната програма на оваа размена ќе се одвиваат во рамки на следниве теми: Младински активизам, Миграции и интеграција на иселениците и Спорт.
Форум за зелени работни места
На 15 јуни 2017 во хотел Холидеј Ин во Скопје, компании од градежниот сектор ќе нудат пракса и вработување за младите кои се заинтересирани за кариера во секторот на енергетска ефикасност. Разгледајте ја програмата и пополнете ја апликацијата за учество на панел дискусиите и саемот на компании: АПЛИКАЦИЈА ‖ […]
Интервју со Даниел Кајмакоски: „Тоа што го научив на градилиштата ми ги зацврсти карактерот, дисциплината и посветеноста“
Гоу Грин: Даниел, те познаваме како првиот победник на изданието на “Икс фактор” во Белград. Дали ќе сакаш да ни откриеш нешто повеќе за твоето претходно занимање? Во моето срце отсекогаш сум се занимавал со пеење и музика. Од секогаш сум ја чувствувал таа љубов и потреба да запеам, па можеби и затоа никогаш […]
Аплицирај на обуките за „Гипсер-монтер“ и „Фасадер“ и вработи се
Кампањата „Фати се за занает“ овозможува вработување на млади во градежниот сектор. Младите кои ќе ја поминат обуката за „Гипсер-монтер“ или обуката за „Фасадер“ во сертицифираниот тренинг центар „Крафт Мастер“ ќе имаат можност да се вработат во градежна компанија по самото завршување на обуките. Сите заинтересирани за обуките можат да аплицираат ТУКА. Апликацијата на Албански […]
Кампања „ФАТИ СЕ ЗА ЗАНАЕТ“
„Енергетската ефикасност на прво место!“ е еден од водечките слогани на енергетската заедница на Европската Унија. Во членот 16 и членот 49 од Директивата (2012/27/EU), се дава препорака до државите да ги искористат потенцијалите за вработување, особено во градежниот сектор.
Кој ја презема одговорноста за каналите кои немаат проток на вода, а се извор на фекални и отпадни води во општина Илинден?
Во време на зголемена индустријализација и градежна работа во општина Илинден се појавуваат многу проблеми поврзани со самата инфраструктура на клучните елементи како канализацијата на општината.
