Марш со гас маски

   Гоу Грин повторно организираше марш со гас маски со цел намалување на загадувањето и пренесување на пораки до надлежните институции за преземање на конретни мерки. Барањата и ставот кон загадувањето го изразуваат ставот на здруженијата Гоу Грин, Еко свест, Фронт 21/42 и Реактор.

Каде да ги фрламе потрошените батерии?

Проектот за воспоставување на одржлив систем за управување со отпадни батерии Гоу Клин, поддржан од Град Скопје и од Министество за животна средина и просторно планирање во имплеметација на Гоу Грин Скопје е во завршна фаза. Батериите се токсични, спаѓаат во опасниот отпад и треба да се селектираат од останатиот отпад. Доколку имате стари батерии можете да ги [...]

Одржани состаноци за воспоставување систем за управување со отпадни батерии

На 05.11 и 15.11.2013 година, во Салата на Советот на Град Скопје и  во салата за состаноци на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржаа информативно-едукативни состаноци во врска со воспоставувањето на систем за управување со отпадни батерии.

Младите да се насочат кон изучување на обновливите извори на енергија!

3 милиони работни места треба да се отворат во енергетскиот сектор на обновливи ресурси до 2020 година – пишува во документот од Европската комисија за зелена економија. Енергетската трансформација од фосилни кон обновливи извори на енергија создава потреба за нова генерација на едуцирани кадри и претставува одлична можност за нови бизниси отворање на работни места.

Обука за одржливост и вонредно собрание на НМСМ

Под покровителство и со поддршка на Европскиот младински форум од 25-28 октомври во Хотел Фени, Кавадарци се оддржа првата обука за одржливост за одредување на стратешките приоритети на Националниот младински совет на Македонија.

Даз Флоу и Гоу Грин со нова песна

Дарко Иваноски ака Даз Флоу е млад хип-хоп артист од Скопје кој во моментов е актуелен со неговото најново видео за песната „Енергија“. Една од работите во кои тој е заљубен е природата. Како член на Гоу Грин, Даз ја изработи песната „Приклучи се“ која повикува на одговорно однесување кон животната средина.

Платформа за младинска одржливост

Платформата за младинска одржливост за прв пат беше промовирана на Семинар за одржлив развој кој се одржа на 8 октомври 2011 година каде што невладините организации АИЕСЕК, Младински Образовен Форум, Сојузот на Извидници и Гоу Грин ја потпишаа Декларацијата за младинска одржливост. Платформата е поддржана од Француската Амбасада. Целта на платформата за младинска одржливост е […]