Новости

ПРИДОНЕСИ ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ОТПАДНИ БАТЕРИИ

Име и презиме: Датим на раѓање: Општина: —Одбери—ЦентарКисела водаКарпошЃорче ПетровПрилепШтипКичевоДруго Улога: —Одбери—УченикРодителНаставникПрофесорДиректорОстанати вработени Училиште: Контакт: Email: Кој е вашиот придонес за проектот Гоу Клин?: —Одбери—Ќе фрлам 1 батерија во кантатаЌе фрлам повеќе од 5 батерии во кантатаЌе го информирам семејството и пријателитеЌе го подржам тимот во организирање активностЌе организирам активност на своја иницијативаЌе го лајкнам […]

Камп за лидерство

Од 11ти до 13ти април во хотел Десарет, Охрид се одржа камп за лидерство како дел од проектот Гоу Клин. Кампот ги соединува средношколците кои се избрани како тим лидери кои ќе ја водат кампањата во седумте општини. (Кисела Вода, Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Кичево, Прилеп и Штип).

Македонија без отпад

Гоу Грин е ко-основач на Aсоцијацијата за чиста животна средина Ајде Македонија! чија мисија е да овозможи одржливи решенија за управување со отпадот во РМ. Асоцијацијата Ајде Македонија! е иницирана како дел од светската асоцијација Ајде Свету! (Let’s do it World) која е присутна во повеќе од 112 земји во светот. Целта на глобалното движење […]

Информирање и вклучување на јавната администрација во проектот Гоу Клин

На 12, 14, 17 и 18 март тимот на Гоу Клин одржа состаноци во општините Ѓорче Петров, Кичево, Штип и Кисела Вода, со цел запознавање на јавната администрација со системот за управување со отпадни батерии и вклучување на училиштата во проектот Гоу Клин.

Проектот “Гоу Клин” за отпадни батерии продолжува

На 11ти февруари во ЕУ инфо центарот во Скопје се одржа промоцијата на проектот за отпадни батерии “Гоу Клин”. Батериите содржат токсични метали, како жива, никел, кадмиум, олово, литиум, кои се штетни по здравјето на човекот и не треба да се фрлаат заедно со комуналниот отпад.

Марш со гас маски

   Гоу Грин повторно организираше марш со гас маски со цел намалување на загадувањето и пренесување на пораки до надлежните институции за преземање на конретни мерки. Барањата и ставот кон загадувањето го изразуваат ставот на здруженијата Гоу Грин, Еко свест, Фронт 21/42 и Реактор.

Каде да ги фрламе потрошените батерии?

Проектот за воспоставување на одржлив систем за управување со отпадни батерии Гоу Клин, поддржан од Град Скопје и од Министество за животна средина и просторно планирање во имплеметација на Гоу Грин Скопје е во завршна фаза. Батериите се токсични, спаѓаат во опасниот отпад и треба да се селектираат од останатиот отпад. Доколку имате стари батерии можете да ги [...]

Одржани состаноци за воспоставување систем за управување со отпадни батерии

На 05.11 и 15.11.2013 година, во Салата на Советот на Град Скопје и  во салата за состаноци на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржаа информативно-едукативни состаноци во врска со воспоставувањето на систем за управување со отпадни батерии.

Младите да се насочат кон изучување на обновливите извори на енергија!

3 милиони работни места треба да се отворат во енергетскиот сектор на обновливи ресурси до 2020 година – пишува во документот од Европската комисија за зелена економија. Енергетската трансформација од фосилни кон обновливи извори на енергија создава потреба за нова генерација на едуцирани кадри и претставува одлична можност за нови бизниси отворање на работни места.