Резервирај го своето место на #YouthTalks2030

„Youth Talks 2030” e настан од едукативно-забавен карактер кој ќе биде исполнет со инспирација, музика, позитивна енергија и забава. Младите, Александра Трпеска (Majestic) и Стефан Рашковиќ (Steffonator) ќе го водат настанот на кој 10 млади инспиративни луѓе ќе ја искомуницираат својата визија за општеството во 2030 година. Најдобрите говори ќе однесат двајца млади луѓе на […]

youth-talks-web

Youth Talks 2030

„Youth Talks 2030“ е настан за млади од едукативно-забавен карактер кој има за цел да ги поттикне младите да размислуваат за нивната визија за општеството, да ја подигне еколошката свест и да овозможи простор за креативно изразување на иновативни идеи. На овој настан, 10 млади луѓе (средношколци и студенти) ќе имаат свои говори на сцена […]

Конкурс за ко-автор на публикација: „Зелени работни места и младите луѓе во Република Македонија“

Ко-авторот на публикацијата кој ќе го опфати делот за младите во РМ и треба да има искуство во младинскиот сектор во Македонија, да има познавање за младинската работа и младинската невработеност, да е запознаен со „младинска гаранција“ и да ги разбира механизмите на пазарот на трудот и процесите на обука и вработување.

regrutation 2018 cover

Приклучи се на „Гоу Грин – Биди Зелен“

Сите млади од 15 до 29 години кои сакаат да научат повеќе и да придонесат за помалку отпад, намалено аерозагадување, ублажување на климатските промени и заштита на животната средина можат да станат членови на младинската еколошка организација „Гоу Грин – Биди Зелен“

Младите за одржлив развој

Општа цел на проектот е промоција и подигнување на свеста кај младите и клучните институции за зелените работни места кои произлегуваат од мерките за адаптација и намалување на климатските промени, во енергетскиот сектор. Конкретни цели: 1. Едукација и вклучување на младите во спроведување на кампања за развој на свеста за целите за одржливиот развој, со посебен […]

Списание „Биди Зелен – Екологија и одржлив развој“

Списанието „Екологија“ е најстарото списание за екологија во Македонија кое постои веќе 15 години. Биди Зелен тимот го презема раководењето на ова списание со цел да го модернизира и направи атрактивно и прифатливо за младите. Првиот број од новото списание излезе како дел од “Биди Зелен” проектот и беше главен дел од едукативната кампања при […]

Гоу Клин

Проектот има за цел да ја подржи имплементацијата на Законот за батерии и отпадни батерии (1 јануари 2011), да ја развие свеста кај населението за штетноста од батериите и да иницира систем за собирање на отпадните батерии. Краток опис: За да се постигнат целите на проекот, се поставија три главни столба на активности: Институционална соработка […]

Платформа за младинска одржливост

Платформата за младинска одржливост за прв пат беше промовирана на Семинар за одржлив развој кој се одржа на 8 октомври 2011 година каде што невладините организации АИЕСЕК, Младински Образовен Форум, Сојузот на Извидници и Гоу Грин ја потпишаа Декларацијата за младинска одржливост. Платформата е поддржана од Француската Амбасада. Целта на платформата за младинска одржливост е […]

Младинска Зелена Мрежа

Главна цел на проектот е воспоставување на платформа за млади луѓе каде тие ќе се поврзат, учат и работат заедно на проекти од областа на екологијата и одржливиот развој. Краток опис Мрежата ќе овозможи можности за младите луѓе за учење и ќе им овозможни да станат свесни и одговорни личности кои преземаат акција и водство […]

Обединети за утре- Преземи акција сега!

Гоу Грин – Биди Зелен, АИЕСЕК Македонија и Сојуз на извидници на РМ организираа проект кој имаше за цел да ја покрене свеста кај младите и да ги едуцира на тема одржлив развој и заштита на животната средина. Краток опис Проектот се состоеше од два главни настани (семинар и марш против загадување). Семинарот се одржа […]