Pandas in Chengdu

#1 Welcome to the panda world – Chengdu

Официјално веќе 10 дена живеам во четвртиот најразвиен град во Кина, Ченгду и морам да признаам, преубаво е. Градот е огромен и воедно претставува многу шармантен спој на модерното и традиционалното, додека пак луѓето се многу слични со нашите – грижливи, гостопримливи и пријателски настроени. Како главен град на областа Сечуан, Ченгду има популација од […]

Повик за учесници на младинска размена “Let’s embrace multiculturalism” во Шпанија од 9-17ти октомври

Целта на оваа размена е преку меѓународно и мултикултурно искуство да ги поттикне младите да ги прифатат различните култури и да ги согледаат како позитивна работа која ја прави Европа уникатна. Покрај учесници од нашата држава ќе учествуваат и млади од Словенија, Германија, Грција, Шпанија, Португалија и Латвија. Размената ќе се одржи во Вилабила, Шпанија […]

Марија од Гоу Грин оди на двомесечна авантура во Кина

Пред Кина… Мрежата на членови на Гоу Грин постојано развивала млади активисти кои се први за заштита на животната средина и одржливиот развој. Марија е исто така една многуте млади луѓе кои што се дел од активностите на Гоу Грин уште од почетоците на неговото основање. Марија е студентка на Факултетот за информатички науки и […]

Последен повик за мапирање на отпадот

Од јануари 2018 досега се мапирани 73 точки со отпад во 10 општини. Акцијата за мапирање трае до 20 август, по што би следел процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика.   Во пресрет на Светскиот ден на чистење кој ќе се одржи на 15 септември 2018 година, инициран од [...]

„Ја собираме пластиката од дома“ Започнува посетата по домаќинствата во населба Лисиче

Од денеска почнува акцијата за собирање на пластиката од домовите во населбата Лисиче, како дел од проектот „Ја собираме пластиката од дома“, имплементиран од здружението „Гоу Грин“ и „Ромски Бизнис информативен центар“. Акцијата вклучува 400 домаќинства во населба Лисиче, на кои ќе им бидат доделени 2 ќеси за да ја селектираат својата пластика. Една ќеса [...]

Мапирани диви депонии крај Охридско Езеро

Во рамки на фестивалот „Аларм за природата 2018“ кој во организација на граѓанското здружение Бивиум се одржа минатиот викенд во автокампот Ливадишта, беа детектирани над 15 диви депонии во поблиската околина. Голем дел од депониите се наоѓаат во непосредна близина под патот кој ги поврзува селото Радожда и населбата Елен Камен и содржината од депониите [...]

Гоу Грин отвора повик за учесници на младинска размена “Аctive Change Makers” во Германија

Сите кои се заинтересирани и мотивирани да научат нови работи низ процесот на неформалното образование со споделување на сопственото знаење и искуство се добредојдени да аплицираат на младинската размена “Active Change Makers vol.2” во Германија. Во текот на 10 дневната програма на оваа размена ќе се одвиваат работилници на темите: Младински активизам, човекови права, инклузивност, […]

Прифатена дефиниција за „Зелени работни места“

По предлог на здружението „Гоу Грин“, работната група за зелени работни места (линк) прифати дефиниција која е во согласност со меѓународно прифатените дефиниции и ќе се третира како национално прифатена дефиниција за „зелени работни маста“ (ЗРМ). Оваа дефиниција е општа, рамковна дефиниција и ги опфаќа двата аспекта –зачувување на животната средина и климата и аспектот […]

Јавен оглас за фацилитатори кои ќе дејствуваат во населба Лисиче, општина Аеродром.

Како дел од проектот „Ја собираме пластиката од дома“, поддржан од Град Скопје, имаме потреба за ангажирање на двајца фацилитатори кои стапат во контакт со 400 домаќинства од населба Лисиче, општина Аеродром. Фацилитаторите ја имаат улогата на претставување и запознавање на „домаќините“ со собирачите на отпад кои ќе бидат задолжени за собирањето на отпадот од […]

Да го провериме УСЈЕ

Колку пати сме слушнале дека цементарница УСЈЕ не’ загадува, гори гуми, работи и во вечерни часови и што сеуште не. На 07.06 (четврток) ќе имаме можност да се увериме дали е тоа така! Гоу Грин организира посета за сите загрижени граѓани, експерти, претсавници од невладини организации и целата јавност да направи увид во работењето на […]