Новости

МЛАДИНСКА РАБОТА И ЗЕЛЕНО (СОЦИЈАЛНО) ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Здружението „Гоу Грин“ претставувано од Антонио Јовановски учествува на конференцијата Youth@Work од 25 до 29 јуни во Истанбул, Турција. Јовановски, извршен директор на здружението, како дел од Pool of Trainers за Youth@Work Partnership, одржува работилница на 27 јуни на тема „Пласирање на младинската работа на картата“ со цел да се препознае важноста на младинската работа […]

Сакаме #СтрујаодСонце

Во рамки на Европската недела за одржлива енергија (17-21 јуни), Гоу Грин започна фото-кампања насловена „СОС Сакаме #СтрујаодСонце“ со цел поттикнување на јавен дијалог и информирање на јавноста за важноста од искористување на сончевата енергија од граѓаните и домаќинствата. Кампањата исто така е насочен и кон институциите за да ги охрабрат домаќинствата дакористат сончева енергија […]

АКТИВИСТИТЕ НА ГОУ ГРИН ОДЛУЧУВАЧИ ЗА МЛАДИНСКИТЕ ПОЛИТИКИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА

На 13.06.2019 се одржа Младинското Собрание на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин- Скопје“. Младинското собрание претставува место каде што се прават промени во Правилникот за работа на Биди-Зелен клубовите, се одредуваат правците на младинската стратегија на организацијата и се презентираат плановите и барањата на Биди-Зелен Клубовите и иницијативните групи. […]

АКЦИЈА, СЕЛЕКЦИЈА И РЕУПОТРЕБА за помалку отпад

Јуни-ноември 2019 Со проектот ќе се подигне свеста кај граѓаните за принципите на превенција, селектирање и реупотреба на отпадот, и воедно ќе се активираат граѓаните, со посебен фокус на младите луѓе, да се вклучат во акции за чистење, селекција, реупотреба на отпадот и едукација на населението. Цел Промоција, поттикнување и активно вклучување на населението во […]

Инфо состаноци со ученици од средните училишта

Минатата недела се одржаа инфо-состаноци со ученици од средни училишта во Скопје, Прилеп и Гостивар. При посетата, претставници од Гоу Грин и волонтери на организацијата извршија презентација во училиштата за да ги информираат и заинтересираат учениците да се приклучат на мрежата и да формираат Биди-Зелен-Клубови (БЗК) во нивните училишта. БЗК претставува неформално здружување на ученици […]

PAMELA Evolution

2019-1-DE04-KA105-017635 Project Duration 01/05/2019-31/12/2019 Key Action KA1 – Learning Mobility of Individuals Action Type KA105 – Youth mobility Beneficiary Organisation NATURKULTUR EV Objectives We would like to connect urban culture of 21st century with standardized art forms, to promote young artists and to interest and inform European community about possibilities and importance of cultural activity […]

Проширување на мрежата на „Биди-Зелен“ клубовите во средните училишта надвор од Скопје

Тимот на Гоу Грин остварува средби со претставници на општините и директорите на училиштата каде ќе се формираат Биди-Зелен-Клубови. Клубовите се неформални тимови на ученици кои се организираат и се активираат на теми од областа на демократијата и животната средина. Оваа година (2019) клубови ќе се формираат во општините Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово […]

Програмата “Направи Сам” започна да се реализира во ОУ “Мирче Ацев” и ОУ “Невена Георгиева Дуња”

Во рамки на проектот “Направи Сам” започна да се одржува курс за изработка на макета од зелена населба со чист воздух. Идејата зад програмата е да ги инспирира младите ученици да преземат акција и да научат повеќе за аеозагадување и мерките кои се потребни за да имаме чист воздух.

Приклучи се на „Гоу Грин – Биди Зелен“

Сите млади од 15 до 29 години кои сакаат да се едуцираат, активираат и да придонесат за чист воздух и здрава животна средина  можат да станат членови на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин – Биди Зелен“.

Одржана обука во рамки на програмата “Направи Сам”

Во рамки на проектот “Направи сам”, Гоу Грин започна со спроведување на истоимената програма во три основни училишта. Програмата ќе биде директно имплементирана од страна на волонтери на возраст од 16-20 години. За таа цел, волонтерите беа присутни на дводневна обука која се одржа на 30-31ви јануари во Граѓански Ресурсен Центар.