Новости

Гласот на младите за еколошки промени во училиштата

Средношколци од СУГС Раде Јовчевски Корчагин, СЕПУГС Васил Антевски Дрен, СУГС Орце Николов и СГГУ Здравко Цветковски беа учесници на лидерскиот камп кој се одржа во Хотел Сулферино Струга од 28-31ви август. Во текот на лидерскиот камп младите преку реални ситуации вежбаа демократија и ги споделуваа своите училишни искуства, но и истражуваа за аерозагадување и [...]

Започна собирање на пластиката од домаќинствата во населба Лисиче

Денес во месната заедница во населбата Лисиче се одржа јавен настан на кој се одбележи почетокот на собирањето на пластиката од домаќинствата во населба Лисиче, од страна на неформалните собирачи на отпад. На настанот, Здружението „Гоу Грин“ и „Ромски Бизнис Информативен Центар“, заедно со Град Скопје и Општина Аеродром, им доделија „ХТЗ“ опрема , џамбо […]

SGF Eco - system restoration

#2 What is SGF?

Организацијата во која што волонтирам во Кина, Sichuan Green Foundation или накратко, SGF претставува добротворна еколошка организација која е регистрирана во март 2017та година под закрила на одделот за шумарство на областа Сечуан. Обединувајќи ресурси, нејзина главна цел е да созададе одржливо општество и еколошка животна средина.  Се фокусира наозеленување на што е можно поголема […]

Pandas in Chengdu

#1 Welcome to the panda world – Chengdu

Официјално веќе 10 дена живеам во четвртиот најразвиен град во Кина, Ченгду и морам да признаам, преубаво е. Градот е огромен и воедно претставува многу шармантен спој на модерното и традиционалното, додека пак луѓето се многу слични со нашите – грижливи, гостопримливи и пријателски настроени. Како главен град на областа Сечуан, Ченгду има популација од […]

Повик за учесници на младинска размена “Let’s embrace multiculturalism” во Шпанија од 9-17ти октомври

Целта на оваа размена е преку меѓународно и мултикултурно искуство да ги поттикне младите да ги прифатат различните култури и да ги согледаат како позитивна работа која ја прави Европа уникатна. Покрај учесници од нашата држава ќе учествуваат и млади од Словенија, Германија, Грција, Шпанија, Португалија и Латвија. Размената ќе се одржи во Вилабила, Шпанија […]

Марија од Гоу Грин оди на двомесечна авантура во Кина

Пред Кина… Мрежата на членови на Гоу Грин постојано развивала млади активисти кои се први за заштита на животната средина и одржливиот развој. Марија е исто така една многуте млади луѓе кои што се дел од активностите на Гоу Грин уште од почетоците на неговото основање. Марија е студентка на Факултетот за информатички науки и […]

Последен повик за мапирање на отпадот

Од јануари 2018 досега се мапирани 73 точки со отпад во 10 општини. Акцијата за мапирање трае до 20 август, по што би следел процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика.   Во пресрет на Светскиот ден на чистење кој ќе се одржи на 15 септември 2018 година, инициран од [...]

„Ја собираме пластиката од дома“ Започнува посетата по домаќинствата во населба Лисиче

Од денеска почнува акцијата за собирање на пластиката од домовите во населбата Лисиче, како дел од проектот „Ја собираме пластиката од дома“, имплементиран од здружението „Гоу Грин“ и „Ромски Бизнис информативен центар“. Акцијата вклучува 400 домаќинства во населба Лисиче, на кои ќе им бидат доделени 2 ќеси за да ја селектираат својата пластика. Една ќеса [...]

Мапирани диви депонии крај Охридско Езеро

Во рамки на фестивалот „Аларм за природата 2018“ кој во организација на граѓанското здружение Бивиум се одржа минатиот викенд во автокампот Ливадишта, беа детектирани над 15 диви депонии во поблиската околина. Голем дел од депониите се наоѓаат во непосредна близина под патот кој ги поврзува селото Радожда и населбата Елен Камен и содржината од депониите [...]

Гоу Грин отвора повик за учесници на младинска размена “Аctive Change Makers” во Германија

Сите кои се заинтересирани и мотивирани да научат нови работи низ процесот на неформалното образование со споделување на сопственото знаење и искуство се добредојдени да аплицираат на младинската размена “Active Change Makers vol.2” во Германија. Во текот на 10 дневната програма на оваа размена ќе се одвиваат работилници на темите: Младински активизам, човекови права, инклузивност, […]